Книжевни разговори со Славе Ѓорго Димоски
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе се одржат книжевни разговори со Славе Ѓорго Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“.
На средбата ќе се разговара за поезијата на Димоски и за актуелните состојби во македонската книжевост.
За делото на Димоски ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а стихови од неговата поезија ќе чита актерот Томе Витанов. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.
Славе Ѓорго Димоски – поет, писател, есеист, преведувач и писател за деца. Автор е на триесет и шест книги (првообјавени книги, избори, преводи, препеви и антологиски избори).
Добитник е на најважните награди за поезија кои се доделуваат во Македонија. Преведен е на дваесетина светски јазици и е застапен во сите антологии на македонската поезија, објавени во земјава и низ светот по 1982 година. Основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, а сега е претседател на Управниот одбор на „Струшки вечери на поезијата“.
- Славе Ѓорго Димоски без сомнение една од најкрупните и магистрални фигури во развитокот на македонска поезија воопшто, навлезен веќе длабоко во својата игра и искуство со јазикот, ни го нуди својот Јазичен триптихон. Својот кристал на поетскиот јазик..., пишува професорот Венко Андоновски за неговата најнова книга.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство