Македонија
8. August 2015 - 19:42

Петти ден потрага по 6 годишната Дрита

Петти ден веќе трае интензивно потрагата по исчезнатата шестгодишна Рина Амети од тетовска Шипковица по невремето кое го зафати тетовскиот регион во понеделникот.
 
Потрагата се врши и на местата каде што се расчистуваат наносите од земја, камења и дрва низ селото како и надвор од населеното место во правец кон реката Пена и падините на Шар Планина. 
 
Во Шипковица постојано стига помош во храна и вода, а и луѓе од други места доаѓаат да помогнат во расчистувањето. 
 
Се уште работи за расчистување има и во Голема и Мала Речица, како и кај Порој до регионалниот патен правец од Тетово кон косовската граница.