Средба на началниците на ГШ на АРМ и вооружените сили на Чешката Република

Понудата за вклучување на АРМ во чешкиот проект за паметна одбрана во логистичкото обезбедување „Мултинационален логистички координативен центар“ и заедничко учество на претстојната воена вежба „Способен логистичар 2019“, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу началниците на ГШ на АРМ и на Вооружените сили на Чешката Република, генерал-
На средбата и официјалните разговори, информираат од МО, се презентираа мисијата на АРМ, учеството во мировните мисии предводени од ОН, НАТО и ЕУ, активностите кои ги остваруваме во меѓусебната воена соработка, како и можноста за користење на капацитетите со кои располагаат армиите на двете земји.
Началникот на ГШ генерал Бечвар заедно со делегација на Вооружените сили (ВС) на Чешката Република престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија.
Во текот на престојот генерал Бечвар ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и Врховен командант на ВС Ѓорге Иванов, а утре делегацијата ќе ги посети Армискиот полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница, каде ќе се одржи заеднички брифинг со припадниците на полициските сили на Чешката Република ангажирани во справувањето со мигрантската криза.
Од МО потенцират дека интензивираните средби на највисоко армиско ниво со армиите на земјите членки на НАТО кои изминатиот период остваруваат посети на АРМ се признание за активностите кои АРМ ги реализира во исполнувањето на обврските во однос на достигнатите стандарди во обученоста и интероперабилноста со армиите на земјите членки на НАТО, како и за успешното справување со предизвиците од мигрантската криза.
- АРМ ја демонстрира интероперабилноста при изведување на заедничките активности на меѓународни вежби, како што е ангажирањето во моментот на најголемата воена вежба на НАТО „Анаконда 2016“, каде учествуваме со респектабилна бројка од 157 припадници на АРМ, како и во мировните мисии каде учествуваме со 43 припадници на АРМ, истакнуваат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
