Гордон Браун: ЕУ не е причина за британскиот проблем

Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека ЕУ не го создава проблемот и таа не е причина за него, кога станува збор за напливот на мигрантите во Британија.
- Доколку профункционира заедничкото работење, ЕУ може да биде дел од решението на овој проблем, вели Браун во разговор за радио Би-Би-Си, порачувајќи им на оние кои заговараат Брегзит дека проблемите не се решаваат со бегство и со напуштање на Унијата.
Според поранешниот премиер, Британија треба да покаже дека може подобро да управува со глобализацијата и со балансирањето меѓу автономијата на земјата што луѓето ја сакаат, со соработката, за која вели дека е неопходна и за што е создадена и постои Европската Унија.
Референдумот за останување или за напуштање на ЕУ ќе се одржи идниот четврток, на 23 јуни.
Последните прогнози укажуваат за предност на приврзаниците за излегување, пред оние кои се против тоа, како последица на силно распламтената кампања на заплашување од „натамошен наплив“ на мигранти од земјите членки на ЕУ, како Унијата продолжува да се шири кон источните земји.
Тој смета дека британските лабуристи се во право кога се залагаат за останување во ЕУ, затоа што тие имаат голем број поволности од британското членство, но Браун вели дека промени во ЕУ се неопходни и дека тоа го бараат луѓето, кои се против сегашната статус кво ситуација.
Браун го брани нивото на миграција во Британија, што антиевропските активисти и евроскпетиците го користат за плашење на гласачите.
Според поранешниот премиер, стравот дека мигрантите од ЕУ им предизвикуваат проблеми на локаните заедници може да се надмине со поголеми инвестиции, пред се во јавниот сектор, но и со блокирање на правото на слобдно движење.
Ова е прво вклучување на Гордон Браун во кампањата за европскиот референдум. Во британската јавност се верува дека неговото вклучување во референдумот за шкотската независност, помогна за менување на расположението на гласачите во Шкотска и за отфрлање на предлогот за отцепувањето од Британија.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
