Loading Video...
Македонија
8. August 2015 - 16:41

Млади скопјани, не постари од 35 години- кој се бори за исламска држава

Македонските државјани кои одат во џихад не се ништо ново. Уште пред почеток на граѓанската војна во Сирија, најмалку шест македонски државјани биле во џихад во Ирак и Авганистан.

Првите “официјални“ муџахедини од Македонија се четворица македонски државјани кои во 2002-та година учиствувале во борбите во Авганистан против коалициските сили. Некои од нив пред да завршат како припадници на исламистички групи се школувале во Египет и во Саудиска Арабија.

Слична е сликата и со дванаесетмината македонски државјани кои досега животот го загубија на боиштата во Сирија. Сите тие се на возраст од 25 до 38 години, повеќето со средно образование, потекнуваат од средноимотни семејства и речеиси сите се неженети.

Борејќи се против владините сили во Сирија на страната на Исламската држава, сите биле следбеници на посебна идеологија наречена салафизам, која важи за секта со сопствено толкување на светите текстови блиско до вахабизмот. Од оваа секта се верува дека потекнуваат и речиси сите џихадисти од од Босна и Херцеговина, Санџак и Косово кои се борат во Сирија.

Според официјалните информации дури петмина од досега загинатите македонски државјани во Сирија се жители на скопската населба Чаир, во близина на џамиите „Јахја паша“ и „Тутунсуз“ за кои ИВЗ многупати досега предупреди дека се превземени од вихабисти.

Последната антитерористичка акција на МВР „Келија“ откри дека токму во овие џамии се вршеле проповеди и се обучувале млади луѓе од Македонија кои во иднина треба да се борат за целите на исламската држава.