Бизнис
12. јуни 2016 - 21:11

Кина сака да гради неуклеарна централа во земјава

Кина сака да гради нуклеарна централа во земјава. Македонија ќе биде една од државите каде кинезите ќе истражуваат какви се можностите за изградба на ваков тип на централа. Оваа можност ја најави амбасадорката  Хуо Јуџен, специјален престваник на секретаријатот на НР Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа. Според  планот  кој  веќе е во фаза на  реазлиација,  до 2030 година Кина ќе гради 30 нуклераки. Ваквата иницијатива полека станува светски тренд во изнаоѓање на нови капацитети за еколошко производство на струја.

-Кина во моментов ги истражува можностите да ги надгради постоечките капацитети, но и да изгради комплетно нови објекти од ваков тип заедно со нејзините европски партнери. Конкретно, таков проект се реализира во Полска и во Чешката република, а што се однесува до Македонија стоиме отворени за контакт од вашите власти по ова прашање. Досега, кога сме граделе вакви капацитети, тоа сме го изведувале со компании од Канада, а сведоци се објектите ширум нашата земја кои произведуваат енергија која не ја загадува средината. НР Кина има три главни компании кои се занимаваат со овој бизнис. Нивната технологија е крајно сигурна, истакна амбасадорката Јуџен на средбата со новинарите од 16 држави од Централна и Источна Европа, која ја организираше Секретаријатот за соработка меѓу Кина и ЦИЕ.

Енергетичарите и проектантите оценуваат дека нуклеарната енергија е  побезбедна од другите енергетски извори. Тие потенцираат дека по енергијата што се добива од обновливи извори, нуклеарната е еколошки најчиста .

Кинеските компании се заинтересирани за инвестирање во Македонија како и во земјите на Централна и Источна Европа не само во енергетиката туку и во други области. Тие веќе ги знаат услови за водење на бизнис во земјава

- Ќе ја искористиме секоја можност за соработка со земјите од Централна и Источна Европа, истакна генералниот директор на Комитетот за развој и реформи на Гуандонг, Ју Јунџоу

Дека кинеските инвеститори имаат интерес за вложувања во Македонија, потврдија и од Македонската амбасада во Пекинг, но засега не посочуваат точно кои компании се најсериозни во намерата да влезат на македонскиот пазар и од кои сектори се тие.

- Станува збор за сериозни инвеститори кои го следат импулсот на македонската економија. Но, поради моменталните политички збиднувања, но и поради специфичноста на кинеските инвеститори, односно кинеската законска регулатива која во вакви случаи е строга и долготрајна, не би можеле ништо конкретно да издвоиме, се наведува во соопштението на амбасадата.

Кина  важи за една од најнаселените земји во светот која во изминативе години значително ги зголеми инвестициите во Европа.