Нови возови кон Битола, Кичево и Кочани

Со новиот возен ред, кој ќе се применува од недела, ќе има повеќе возови од Скопје кон Битола, Кичево и Кочани.
Како што информираат МЖ ТРАНСПОРТ од Скопје за Битола ќе возат шест возови со време на тргнување од Скопје во: 1.40; 6,42; 14,30; 17,10 и 20,12 часот. Од Битола за Скопје возовите ќе тргнуваат во: 3,10; 5,25; 12,50; 18,25 и 21.04 часот.
Со измените кон Кичево ќе сообраќаат два воза кои од Скопје ќе тргнуваат во 2,50 и 16,50, а од Кичево за Скопје во 5,33 и 19,30 часот.
Кон Кочани, исто така, ќе сообраќаат два воза и тоа од Скопје за Кочани во 1.54 и 15,22 часот, а од Кочани за Скопје во 5.00 и 19,30 часот.
Од Скопје за Велес ќе сообраќаат 14 возови првиот во 1,40, а последниот во 22,40 часот. Во повратна насока првиот воз од Велес за Скопје тргнува во 5,03, а последниот во 23,07 часот
Железничкиот патнички сообраќај кон Табановци, Гевгелија и Волково останува непроменет. Кон Табановци ќе возат шест пара возови, кон Гевгелија три, а кон Волкови еден пар.
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
