Македонија
7. August 2015 - 20:42

Камен темелник за изградба на колекторски систем

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на општините Охрид и Дебарца присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун инвестиција вредна три и пол милиони денари ,станува збор за водоводна мрежа која е стара повеќе децении каде често во минатото доаѓало до дефекти и прекини во водоснабдувањето.

Груевски заедно со градоначалникот на Дебарца Трајкоски присуствуваа и на поставувањето на камен темелникот на изградбата на колекторот за отпадни води во Мешеишта кој е многу значаен за овие села од општината  каде ќе се реши проблемот со одведување на отпадните води од домаќинствата но и индирекно ќе се заштити животната средина .

Во селото Требеништа беше пуштено во употреба реконструираното училиште каде се поставени енергетски ефикасни прозорци и врати, подови а обновена е и фасадата се со цел учениците да добијат современи услови во образовниот процес а во Охрид беше пуштен кружен тек на Булеварот Туристичка со што конечно се реши хаосот во сообраќајот во овој дел од градот.

Премиерот Груевски нагласи дека ваквите активноста се во целосна корелација со заложбите на владата за придонес кон севкупниот напредок на Охрид и регионот во секое поле и област.