Се продаваат плацеви во населбата Равна Река во Пехчево
Пехчево на јавна лицитација ќе продава 13 плацеви за викенд куќи и за еден хотел во туристичката населба Равна Река.
Ова е втора јавна лицитација за плацеви на оваа туристичка населба, но е прва продажба откако општина Пехчево располага со државното земјиште. Јавната лицитација ќе се одржи на 7 јули, а почетната цена за плацевите е 148 денари за метар квадратен.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски истакна дека интересот за плацевите е голем.
- Интересот е голем за овие 14 плаца. Досега се јавиле повеќе од 30 заинтересирани граѓани од Скопје, Штип, Кочани и од Пехчево. Со самото тоа што се гледа дека се електрифицира населбата, планираме јавно улично осветлување и се работи на канализација во населбата. Очекуваме дека ќе имаме успешна аукција што значи и поголем приход за општината, но пред се да се изградат овие викенд куќи и самата населба да заживее, истакна Поповски.
Тој додаде дека електрификацијата на Равна Река треба да заврши до крајот на јули со што се отвора ново поглавје во атрактивноста на населбата, која покрај водопадите на изворите на Брегалница и живописната малешевска приказна во овој дел, ќе биде уште еден адут повеќе кој треба да му донесе економски развој на Пехчево.
Според ДУП, на туристичката населба Равна Река се предвидени 350 плацеви за викенд куќи и четири за хотели. Од нив, 150 плацеви се во државна сопственост, а досега се продадени 20.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина