Се менува структурата на извозот - Се зголемува на готови производи, опаѓа на ЛОН
Извозот во досегашниот тек од годината продолжува со раст. Во првите четири месеци се зголемил за 9,5%, а во април споредено со истиот месец лани за 20,8%.
При тоа, заводот за статистика евидентира дека извозот го остварил овој резултат со напоредно опаѓање на лон извозот за близу 5% што говори за подобрување на структурата на извезуваните производи.
- Позитивниот тренд на извоз од 2015 продолжува и во првите четири месеци од годината. Очекуваме тој тренд да продолжи до крајот на годината и извозот да придонесе за раст на бруто домашниот производ бидејќи извозот е еден од агрегатите кои го создаваат. Охрабрува фактот дека од година во година повеќе во структурата на извозот учествуваат финалните производи за сметка на суровините, полуфабрикатите или таканаречените лон производи, ова посебно во текстилната или чевларската индустрија, вели Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Во периодот јануари - април од државата извезена е стока од вкупно 1, 339 милијарда. Вкупната трговска размена со странство во овој период е над 3,2 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извоз достигнала 71,2%.
Најголемо учество во извозот и натаму имаат производите на компаниите кои инвестираа во технолошко индустриските зони како што се катализаторите и сетовите на проводници за палење на возила, а потоа фероникелот и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и електричната енергија.
Во периодот јануари-април Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
