Нов асфалт за улиците во центарот на Куманово

Почна поставувањето на нов асфалтен слој на кракот од булеварот „Трета македонско ударна бригада“ и „Егејска Македонија“ во Куманово. Асфалт ќе се постави на 2.400 метри квадратни. На дел од улиците во поширокото централно градско подрачје ќе биде извршена и реконструкција на асфалтот во должина од 1.000 метри квадратни.
- Станува збор за старо градско јадро со приближно 400-500 станбени единици, мошне густо населено подрачје, кое има потреба од темелна реконструкција, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и додаде оти ќе се придонесе кон решавање на актуелниот проблем на граѓаните од овој дел на градот, одводување на атмосферска вода.
Досега целосно се санирани и поставен е асфалтен слој на површина од околу 6.000 метри квадратни по улиците во Куманово, „Бајрам Шабани“, дел од „11 Октомври“, кракови од булеварите „Трета македонско ударна бригада“ и „Октомврсика револуција“...
Проектот за реконструкција на околу 6,5 километри патна мрежа почна пред две недели и ќе продолжи да се спроведува до средината на септември. Реконструкцијата опфаќа околу 32 илјади метри квадратни површина на подрачјето на Куманово. За таа цел, општината склучи договор со две приватни компании од Куманово и од Скопје и одвои вкупно 24 милиони денари од буџетот.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
