Министерот Јолевски во Тетовско

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој е и член на Координативното тело за справување со последиците од поплавите во Тетовско, денеска, по посетата на Голема Речица и Порој најави ангажирање дополнителна механизација за справување со наносите кал, камења и земја, како и дополнително куче-трагач кое треба да се приклучи по потрагата на исчезнатото шестгодишно девојче во Шипковица.
При посетата на големите наноси од околу 200.00 кубни метри кал, земја и камења, што веќе четврти ден го блокираат регионалниот пат Тетово - Јажинце кај Порој, министерот рече дека веднаш по расчистувањето ќе бидат изградени два моста на Поројска Река со цел да се нормализира сообраќајот во овој дел од регионот.
- Во Касарната во Тетово е префрен и инженерски вод за да почне со градба на два моста во Порој на местото од однесените мостови. Штом се создадат услови да се расчисти коритото на реката, ќе почнат со градбата. Прво ке стават фундаменти и ќе работат постојано. Се надеваме дека мостовите ќе бидат во функција за 5-7 дена, изјави Јолевски.
Ново на Сител
-

Си-ен-ен: Се урна безбедносна комуникациска мрежа на американската НСА
-

Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации
-

Андоновски одржа мастерклас во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација на јавната администрација
-

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен во февруари, деновиве ќе се објави конкурс за сместување
-

Србија доби нов парламентарен состав, пратениците положија заклетва
-

50-годишен маж со огнено оружје се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка
-

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка
-

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор
