Kинески тинејџер пронајден во багаж на аеродромот во Дубаи

Вработени на аеродромот во Дубаи меѓу багажот што приситгнал со авион од Шангај, откриле еден млад Кинез, јави ДПА.
Кинезот, именуван само како Ксу, кој има само 16 години, изјавил дека му било „многу удобно“ во одделот за багаж за време на деветчасовниот лет од Шангај до Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), иако не јадел ништо.
Вештото момче успешно ги прескокнало оградите на шангајскиот аеродром, по што стигнало до одделот за багаж и се сокрило во еден од куферите, додека надзорниците не гледале,
Неговите мотиви за нелегалниот транспорт биле од финансиска природа.
Ксу рекол дека се упатил кон Дубаи, бидејќи „таму дури и просјаците заработуваат добро“.
Весникот „Дејли сабах“ наведува дека овој илегален имигрант од градот Бажонг во кинеската провинција Сечуан не бил уапсен, само затоа што е малолетен.
Откако полицијата и конзуларните претставници го расчистиле случајот, илегалниот мигрант тинејџер бил спроведен до аеродромот со придружба. Се чека негова депортација.
Ново на Сител
-

Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
-

Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
-

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
