Македонија
31. May 2016 - 16:54
Снимена првата клапа од документарниот филм за Живко Чинго
Почна снимањето на документарниот филм ,,Мајстор Чинго,, , кој е своевиден видео- омаж за животот и делото на едно од водечките имиња во современата македонска литература , големиот раскажувач Живко Чинго.
Првата клапа се сними кај бистата на Чинго во МНТ. Режисер на документарецот е Љубиша Георгиевски, сценарист Сашо Миленковски, а продуцент Петар Ѓуровски.
Освен екстериерите и студиските сцени во Скопје, ќе се снима и во Велгошти, Охрид и други локации. Стручен консултант е историчарката Виолета Ачковска, која е дел од семејството Чинго.
Документарниот филм е дел од програмските активности на Кинотеката на Македонија, а финансиски поддржан од Министерството за култура. Планирано е филмот да биде завршен до крајот на декември.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
