Силни земјотреси со јачина од 6,1 степени
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава Тајван, а потресот беше почувствуван и во главниот град Тајпеј, но нема соопштение за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти Европско-медитеранскиот сеиозмолошки центар.
Геофизичкиот институт на САД го регистрираше потресот на 110 километри североисточно од Тајпеј и соопшти дека интензитетот бил 6,4 степени, а епицентарот бил на длабочина од 248 километри.
Според метеоролошката служба на Тајван земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени.
Жителите на Тајпеј велат дека земјотресот е почувствуван во зградите на главниот град, вклучувајќи ги и тие на Парламентот и на меѓународниот аеродром „Таојуан“.
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени е регистриран денеска и на јужните јапонски острови, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошка служба.
Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на две илјади километри југозападно од Токио, на длабочина од 220 километри.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата