Во Грција политички превирања за оф-шор компании на министри и пратеници
Сите грчки опозициски партии изразија незадоволство во врска со новиот амандман на Владата на Сириза и Независни Грци (Анел) на членот 178 од Законот, кој грчкиот Парламент го изгласа пред неколку дена, јави дописникот на МИА од Атина.
Како што откри весникот „Прото тема“, согласно тој амандман, на пратениците и министрите им е дозволено да поседуваат оф-шор компании се додека нивното седиште се наоѓа во земји кои „соработуваат со даноци“, дури и ако овие земји се т.н. „даночни оази“ како што се Кајманските Острови.
Опозициските партии сметаат дека поднесениот амандман е со политичка позадина и им дава можноста на членовите на Владата на Сириза и Анел да поседуваат оф-шор компании, а во исто време ги „декриминализира“ претходните дела.
Пред амандманот, конкретниот Закон јасно укажуваше дека на министрите и пратениците не им е дозволено да учествуваат во оф-шор компании, односно фирми со седиште во земји кои „не соработуваат со даноци“, имаат повластен даночен режим и овозможуваат даночно затајување.
Сепак, со овој амандман на пратениците и министрите им е дозволено да учествуваат во оф-шор компании се додека нивното седиште се наоѓа во земји кои „соработуваат со даноци“.
- Затоа, од сега натаму, на пратениците и министрите ќе им биде дозволено да поседуваат оф-шор компании во земји со повластен даночен режим, насловени како ‘даночни оази“, вклучувајќи ги Британските Девствени Острови, Бермудските и Кајманските Острови... каде даночните стапки се движат од 50 до 100 проценти помалку од стапката на оданочување во Грција“, пишува „Прото тема“.
Откритието на весникот дека на политичарите им е дозволено да поседуваат оф-шор компании предизвика политички „бура“ во Грција.
Главната опозициска партија Нова демократија издаде соопштение во кое вели дека „партијата што ги „украде“’ гласовите на грчкиот народ во името на моралот и транспарентноста, носи закони во полза на тоа пратениците да поседуваат оф-шор компании“. Во соопштението Сириза се нарекува „срамна“ партија на „омраза и поделби“.
Партијата на Демократска коалиција, составена од ПАСОК и Димар ја повика грчката Влада веднаш да го повлече членот 178 од законот.
Грчката комунистичка партија (ККЕ) соопшти дека членот од законот не само што им овозможува на пратениците и министрите да имаат оф-шор компании, туку, исто така, го отвора патот за озаконување на постарите фирми во сопственост на политичарите.
Потами ја обвини Владата за „перење на политичари кои имаат оф-шор компании и ќе се здобијат со една во иднина“.
Партијата Унија на центристите соопшти дека Владата сторила кривично дело со членот од законот, додека Златна зора повика на итно повлекување на членот.
Ново на Сител
-
По информациите дека доживеал срцев удар, Таравари соопшти дека колабрирал и завршил во болница
-
Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат
-
Арсовска повторно не се појави на седницата за советнички прашања
-
80-годишен битолчанец се самозадоволувал на тераса пред 42-годишната сосетка
-
Фон дер Лајен: Европската Унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана
-
Свечена церемонија по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР
-
Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово
-
Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин