-->
-->
Малолетник со трактор прегази едногодишно дете
-->

17-годишно дете кое управувало трактор прегазило едногодишно дете.
Инцидентот се случил на фарма во Линц ам си, во провинцијата Шајбс во Долна Австрија.
Детето преку кое поминала машината, тешка речиси тон, починало на самото место. Несреќата се случила околу 18 часот, кога пред момчето кое возело трактор на имотот, ненадејно истрчало детенцето.
Момчето зад воланот се обидел да го избегне и да го запре тракторот но било доцна. Детето се нашло под машината и преку него поминало прво предното десно тркало и потоа и задното десно тркало и тракторот се превртел.
Веднаш е повикана брза помош, но на детенцето му немало спас.
Детето кое го возело тракторот е префрлено во болница поради шокот што го преживеал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
