-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт се избори за мајсторка со Оклахома Сити (3-3)
-->
Кошаркарите на Голден Стејт успеаја да постигнат победа ноќеска во натпреварот број 6 од финалето на „Запад“ и да го изедначат резултатот на 3-3 во победи со Оклахома Сити. Голден Стејт славеше победа од 108:101 (20:23; 28:30; 27:30 и 33:18). „Мајсторката“ за пласман во големото финале ќе се игра на теренот на Голден Стејт во понеделник навечер (30.мај),а победникот ќе игра во финалето против Кливленд.
Шампионот до победата стигна благодарение на одличната последна четвртина, кога Оклахома сити постигна скромни 18 поени. Во последните три минути Голден Стејт имаше серија од 9:2, а Оклахома Сити во тој период направи шест грешки.
Најдобар поединец на дуелот беше Клеј Томсон со 41 поен (рекордни во плеј офот 11 тројки). Стеф Кари постигна 29 поени кај Голден Стејт, додека во редовите на домаќинот Кевин Дјурат имаше 29, а Расел Вестбрук 28 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД