Почнаа градежните работи за реконструкција на општата болница во Струмица во најсовремен медицински центар
Струмица ќе добие најсовремен ургентен центар. По триесеет години од поставувањето на темелите на новото крило и после неколку прекини во неговата изградба конечно започнаа активностите за дооформувањето и адаптација на новиот дел од струмичката болница, проект во кој ќе бидат инвестирани околу 4,5 милиони евра. За текот градежните активности директно од терен денеска се информираше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој заедно со премиерот Емил Димитриев и министерот за здравство Никола Тодоров беше во посета на болницата во Струмица.
Новиот објект на струмичката болница има површина од 6500 метри квадратни и во него покрај ургентниот центар ќе бидат сместени неколку други оддели.
Паралелно со градежните активости ќе биде распишан и тендерот за набавка на медицинска опрема за новиот објект. За истата во зависност од проценките ќе бидат одвоени помеѓу 2,5 до 3,5 милиони евра.
Со дооформувањето и адаптацијата на новото крило струмичката општа болница и официјално ќе прерасне во регионален центар од кој бенефит ќе имаат околу 250.000 граѓани од југоисточниот регион на државата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар