-->
-->
Нови 30 вработувања во рудникот „Саса“, досега ангажирани над 700 лица
-->
Продолжената концесија за експлоатација во рудникот „Саса“ овозможи нови 30 вработувања, главно жители на општина Македонска Каменица со што рудникот се зајакнува и кадровски.
Ова го истакна Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во рудникот „Саса“, кој потенцира дека во моментов се изведува обука на 30 млади во рудникот.
- Ние започнавме да ги остваруваме вработувањата, во овој момент имаме 30 млади момчиња кои се на обуки во рудникот Саса, со цел да ги поминат тие обуки за понатамошно вработување во рудникот, а таа динамика ќе ја следиме последователно. Ќе направиме и ревизија на состојбата на работните места на крајот на оваа година и се надеваме дека со овие обуки ќе ги охрабриме младите луѓе да влегуваат во јамата, да се вработуваат во рудникот без страв за нивната безбедност, рече Прохоров.
Градоначланикот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, истакна дека за општината новите вработувања на млади луѓе ќе значи и економска стабилност на нивните семејства и нивно задржување во родниот град.
Во рудникот во моментов се директно ангажирани 700 работници, дополнително се ангажираат преку фирми изведувачи уште 90 до 100 работници кои директно работат само за потребите на „Саса“ со што овој рудник е најголем работодавач во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење