Бан Ки-мун повикува на дијалог со Северна Кореја

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика на обновување на разговорите со Пјонгjанг.
- Треба да се изнајде начин за започнување на дијалог, рече тој на конференцијата за мир и безбедност, организирана на јужнокорејскиот остров Чеџудо.
Тоа што генералниот секретар на ОН говори за тоа на територија на Јужна Кореја ги засили шпекулациите дека тој можеби има амбиции да се вклучи во политиката во својата татковина, по истекувањето на неговиот мандат како генерален секретар, коментираат западните меидуми.
3атегнатоста на односите помеѓу Северна и Јужна Кореја значително се засили по четвртата севернокорејска нуклеарна проба, извршена во почетокот на јануари. Последниве неколку седмици Пјонгjанг неколкупати предлагаше дијалог меѓу воените власти на двете држави, но Сеул ги отфрли и ги прогласи за пропаганда. Администрацијата на претседателката Парк Гуен-хе зазеде цврста позиција дека дијалогот со Северна Кореја може да биде обновен само ако Пјонгjанг се обврзе на политика којашто ќе значи секаква елиминација на употреба на нуклеарното оружје.
- Засилувањето на напнатоста на Корејскиот Полуостров може да фрли сенка над цела Североисточна Азија, но и пошироко, предупреди Бан. - Ги вложувам сите напори за постигнување на напредок и сум подготвен лично да придонесам со сите можни средства, додаде тој.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
