Околу 1.200 лица во Македонија болни од Мултиплекс склероза

Околу 1.200 лица во Македонија се заболени од Мултиплекс склероза, една од најчестите невролошки нарушувања и причина за инвалидитет кај младите. Болеста најчесто ги напаѓа лицата од 20 до 40 година, во најголем дел околу 30-тата година. Таа е тешка за дијагностицирање, со оглед дека различно се манифестира, но како најчести и заеднички симптоми се слабост во екстремитетите, непријатни сеназации, проблеми со рамнотежа, заматен вид...
На денешното одбележување на Меѓународниот ден на лицата заболени од Мултиплекс склероза, што го организира здружението Лица со телесен инвалидитет-Мобилност Скопје, овие лица побараа побрзо и навремено почнување со терапија за намалување или спречување на прогресивноста на болеста која доведува до инвалидитет
Претседателот на здружението Дејан Ѓеорѓиевски истакна дека во рамки на одбележувањето сакаат да упатат порака лицата кои ја имаат оваа тешка и неизвесна болест да не се срамат и да им се придружат бидеќи, како што рече секој еден човек повеќе ќе биде од помош да извршат притисок до јавноста и институциите за унапредување на правата на овие лица и добивање понова терапија.
- Во светот има терапии трипати помодерни и посовремени со 65 проценти успешност во спречување на инвалидитетот. Би ги замолил институциите да ги донесат таквите лекови, тие да бидат на товар на на ФЗОМ за да можат што повеќе лица заболени од оваа болест да ја добиваат. Ова е автоимуна болест, кај секого се манифестира различно, не се знае како и до кој степен ќе се развива и е многу важно во рана фаза кога ќе се открие да се почне со третман и лекување за да не прогресира и да се дојде до инвалидска количка за да мора да бараме придружници и да бидеме на товар и на семејството и на општеството, истакна Ѓеорѓиевски.
Габриела Новотни, невролог од Универзитетската клиника за неврологија, рече дека она што ја прави тажна оваа болест е што носи инвалидитет. Затоа, посочи, потребно е да се почне со терапија многу рано.
- Ние како Клиника правиме напори да ги донесеме најновите терапии кои се достапни во светот. Можам да кажам дека во Македонија има околу 1.200 регистрирани заболени, од кои 370 се поставени на имуномодулаторна терапија, која ги одложува влошувањата на болеста и на тој начин се бориме со инвалидитетот. Се надевам дека оваа бројка ќе биде уште поголема, но за разлика од лани годинава има 170 нови пациенти вклучени на оваа терапија, рече Новотни.
Имономодулаторна терапија, појасни, се дава на почеток на болеста.
- Таа има над 50 начини на манифестирање, недостига точно поставена дијагноза, кога пациентите се во понапредна фаза оваа терапија не се дава, доцна е да се почне и затоа е борбата при прва, втора епизода да се почне со терапија, истакна Новотни.
Додаде дека од годинава на Клиниката е достапна и втора линија на терапија на која се седум пациенти.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
