Меморандум за соработка меѓу Министерството за првда и Универзитетот на ЈИЕ

Министерот за правда Валдет Џафери и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска потпишаа меморандум за соработка. Со него се овозможува стручни кадри од Министерството да им дадат соодветна помош на студентите од Правниот факултет на УЈИЕ што сакаат да полагаат правосуден испит.
Министерот Џафери посочи дека ова е првпат Министерството да потпишува ваков договор со некоја високообразовна институција во Македонија.
- Процесот што го финализираме денеска започна уште додека министер за правда беше професорот од УЈИЕ Аднан Јашари и еве сега јас го потпишувам како поранешен студент тука. На овој начин Министерството ќе им излезе во пресрет на сите студенти заинтересирани да го полагаат правосудниот испит со нашите експерти кои ќе им помогнат со успех да го положат овој испит како важен дел од нивната понатамошна кариера по завршувањето на факултетот изјави Џафери.
За ректорот на УЈИЕ Дика денеска потпишаниот меморандум е само продолжение на добрата соработка на двете институции.
- Имам големо задоволство да соработувам со нашиот поранешен студент сега министер за правда Валдет Џафери кој сега е во позиција да придонесе во овој важен сектор од општественото живеење со знаењата и компетенциите што ги стекнал за време на школувањето на УЈИЕ. Можноста за полагање на правосудниот испит за време на студирањето е и продолжување на нашиот правец за практично применување на знаењата така што нашите студенти ги стекнуваа за време на нивните студии така што подготвени излегуваат на пазарот на трудот, рече Дика.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
