Македонија
5. August 2015 - 20:02

Раст на извозот од 11% споредено со лани третина од него се реализира од новите фабрики во зоните

Странските инвестиции ,нов импулс во стопанското заживување на Охридско-струшкиот регион. Влезот на Германските автомобилски компании ОДВ Електрик и Костал се насушна потреба за граѓаните бидејќи ќе се подигне економијата и ќе се креираат нови работни места смета градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески се надева дека со овие инвестиции ќе се поттикнат и другите странски компании да инвестираат во Охрид.

Големиот  европски производител од автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“за неколку дена ќе започне со изградба на фабрика во индустриската зона помеѓу Охрид и Струга каде најавува инвестиција од 15 милиони евра и отворање 1.000 нови работни места