-->
-->
Во Крива Паланка се одржа „Рели Калин Камен 2016“
-->

Околу 120 џипови, 50-тина мотори , десетици офф-роад возила беа дел од денешната спортска манифестација „Рели Калин Камен 2016“ која се организира осма година по ред.
Организатори се Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“ и општина Крива Паланка, која е и покровител на настанот.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски изјави дека стартната позиција е градски плоштад Крива Паланка, се минува по асфалтен пат до село Мождивњак, каде се продолжува кон дел од Кратовска територија. Понатаму на Браната Злетовица се приклучуваат учесници од Пробиштип, што заедно чинат околу дополнителни 50-тина џипови и исто толку моторџии од Македонска Каменица и Кочани кои се приклучија на Царев Врв. Следната станица е езерце Калин Камен, а релито завршува во манастирот Св. Јоаким Осоговски.
Додаде дека џип-релито прераснува во бренд на општина Крива Паланка.
- Радува фактот што секоја година има се поголем број учесници, а изминатите неколку години оваа спортска манифестација добива и меѓународен карактер. Покрај бројните учесници од речиси цела Макеоднија - Велес, Пробиштип, Штип, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Македонска Каменица, имаме учесници и од соседна Бугарија и Србија, нагласи Алексовски.
Манифестацијата има ревијален карактер, а се одржува во чест на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. Патеката е долга 64 километри, минува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, сѐ до манастирот Свети Јоаким Осоговски, каде под покровителство на општината се организира заеднички ручек - манастирско гравче, за сите учесници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
