Прекршочна за три угостителски објекти во Охрид поради бучава

Три угостителски објекти во Охрид ќе добијат прекршочни пријави поради прекумерна бучава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акциските контроли и мерења реализирани во содејство со Инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција кај овие угостителски објекти покажале надминување на дозволена бучава и нарушување на јавниот ред и мир со користење музички инструменти и други технички уреди.
Контролите, вкупно седум, се реализирани на иницијатива на СВР Охрид, но и по пријави на граѓани.
- Согласно Законот за прекршоци, оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично) од 15 до 18 часот и по 23 часот до 06 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече 200 до 500 евра глоба во денарска противвредност. За прекршокот, на правно лице ќе му се изрече глоба од 500 до 1.000 евра, а на одговорното лице во правното лице 200 до 500 евра. Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец кој врши угостителска дејност ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот во неговиот угостителски објект, информира МВР.
Соодветни пријави против правните и одговорните лица се поднесени и од надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
