Ѓорѓе Добре од Романија и Виолета Димова од Македонија добитници на наградата „Струшко слово“

Романскиот автор Ѓорѓе Добре и македонската писателка Виолета Димова се годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“, што ја доделува Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.
Како што соопшти денеска редакцијата „Бранувања“, Добре ја добива наградата за особени заслуги во развојот на македонско-романските книжевни релации, а Димова за личниот придонес во примената, развојот и афирмацијата на македонскиот литературен јазик и за нејзиниот самопрегорен, специфичен, истраен и доследен однос во работата и творештвото.
Ѓорѓе Добре е романски книжевник со меѓународен углед, припадник на една мошне плодоносна книжевност во која блескаат делата на Михај Еминеску, Никита Станеску, Марин Сореску и на други писатели, кои трајно ја збогатија не само европската, туку и светската книжевна ризница.Членува во Сојузот на романските писатели. Автор е на десетина дела, меѓу кои трите најнови се: „Лагата на буквата“ (проза и есеи), „Скокајќи од камен на камен“ (поезија) и „Трофеи“ (поезија). Добитник е на бројни награди и признанија. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски.
Виолета Димова е познат и принзат македонски универзитетски професор, но и истакнат автор на повеќе научни дела поврзани со книжевноста, посебно со литературата за деца и млади. Таа е редовен професор на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и автор е на книгите: „Литературното дело и реципиентот“ и „Естетиката на комуникацијата и литературата за деца“...
Наградата „Струшко слово“, која е востановена од минатата година ќе им биде врачена на манифестастацијата „Струшки кнжиевни средбии“, што од 7 до 9 јули ќе се одржи во Струга, Охрид и Вевчани. Минатогодишни добитници се Валериио Орлиќ и Васил Тоциновски.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
