Жална вест: Почина еден од омилените македонски актери

По долго боледување, на 54-годишна возраст почина македонскиот актер од Штип Љупчо Бреслиски. Актерскиот талент Бреслиски го преслика во бројни театарски престави, но и во телевизиски серии, особено во култната „Трст – Виа – Скопје“, а ќе остане запаметен и по неговата актерска игра во единствениот македонски филм номиниран за Оскар од неанглиско јазично подрачје, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
На денешната комеморација, што се одржа во Народниот театар-Штип пред колеги, пријатели и семејството, за актерската кариера на Бреслиски зборуваа првите луѓе на театарот кои истакнаа дека тој успеа да ја пренесе својата вредност од актерски талент на сите следбеници на театарската уметност, особено на неговите помлади колеги.
Присутните на комеморацијата со громогласен аплауз за последен пат се простија од актерот кој, македонското театарско милје го задолжи со извонредни актерски креации, како на театарската, така и на телевизиската и филмска македонска сцена.
- Мораме да бидеме убедени во тоа и да се носиме со тој факт, преку кој не може да се помине, дека сите ние длабоко верувавме во ликовите кои Љупчо ги толкуваше на сцена. Ние бевме заедно со нив, и затоа Љупчо, нашиот Бубо, останува меѓу нас и покрај неговото ненадејно физичко заминување. Љупчо беше од онаа висока квалитетна класа на актери, кои имаа исклучителен сенс за театарот, за театарската игра. За секоја претстава и одиграна улога на неговите колеги, Љупчо знаеше хируршки точно да ја протолкува нивната игра, рече драматургот Трајче Кацаров.
Посмртните останки на Љупчо Бреслиски беа погребани на Градските гробишта во Штип.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
