Апел за помош за настраданите во Тетовско
Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња... е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од синоќешното невреме.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.
Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 - Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефобнските броеви: 075/070/077 143-400.
Црвениот крст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.
Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Дополнително се дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.
Невремето во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, а 11 се повредени, и предизвика материјални штети. Во Тетово денеска и утре се прогласени денови на жалост.
Владата вчера на вонредна седница донесе одлука да се исплати еднократна првична парична помош за погодените домаќинства од невремето во Тетовско, а специјално формирана Комисија ќе ги проценува штетите на имотите врз основа на што ќе се утврди висината на натамошната помош.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила