Трамп е подготвен да разговара со лидерот на Ким Џонг Ун
Милијардерот Доналд Трамп, кој остана едиствен официјален кандидат за номинација на Републиканската партија за претседател на САД, изјави дека е подготвен за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за да разговара за нуклеарната програма на оваа источноазиска земја.
- Би разговарал со него.Немам никаков проблем да разговарам со него, ја пренесуваат американските медиуми изјавата на Трамп.
Трамп вели дека би разговарал со лидерот на Северна Кореја, директно, лице во лице, но дека би извршил и притисок врз Кина, која е единствениот сојузник на режимот во Пјонгјанг.
Според Трамп, Кина би можела да го реши проблемот со „една средба и со еден телефонски разговор“.
Една средба на врвот меѓу САД и Северна Кореја би претставувала значаен пресврт во американската политика кон политички изолираниот режим на Северот од Корејскиот Полуостров.
Демократите во САД ја осудија ваквата намера на Трамп, додека водечкиот претендент за номинација кај Демократската партија, Хилари Клинтон ја оквалификува изјавата на Трамп како негова „бизарна фасцинација со странските моќници“.
САД и Северна Кореја сега немаат никакви контакти на официјално ниво, па евентуална средба на ниво на шефови на држави би била првокласно изнендување. Вашингтон и Пјонгјанг немаат ниту формални дипломатски односи.
Северна Кореја ја изврши својата прва нуклеарна проба во 2006 година, прекршувајќи ја меѓународната спогодба и заканувајќи им се на Јужна Кореја и на САД.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје