Љерка Тот Наумова - добитничка на наградата „Даница Ручигај“на ДПМ

Поетесата Љерка Тот Наумова е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.
Наградата и е доделена за стихозбирката „Зародиш на повикување“, објавена во издание на „Бата прес“ од Скопје, со поговори на Михаил Ренџов и Марина Мијаковска.
Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, Мишел Павловски, во образложението на одлуката, меѓу другото, пишува: „Книгата на Љерка Тот Наумова е лирски копнеж кој е засилен од креативноста на авторката. Преплетувањето на интимното со трагичното, сонот со радоста, ја прави стихозбирката „Зародиш на повикување“ книга која поезијата ја доближува кон читателот. Поезијата на Љерка Тот Наумова, е молк и истовремено крик, зародиш на повикувањето молкот да проговори“.
Љерка Тот Наумова е автор на 14 стихозбирки пишувани на македонски и на хрватски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на хрватските писатели. Нејзиното творештво е застапено во повеќе панорамски и антологиски претставувања на современата македонска поезија.
Наградата „Даница Ручигај“ се состои од плакета и таа ќе биде врачена на 25 мај во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. За време на врачувањето на ова признание, во ДПМ ќе биде прикажан документарен филм за Даница Ручигај, во продукција на Македонската радиотелевизија. Автор на филмот е Катица Трајковска.
Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.
Ново на Сител
-

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Се намалува матноста на изворот Шум, водата во Струга и понатаму забранета за употреба
-

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит
-

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини
-

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
