Министерот Ивановски заминува од Влада во меѓународна компанија

Во септември владата ќе добие нов министер за инфорамтичко општество и администрација. Досегашниот министер, Иво Ивановски, заминува на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија, објави МРТ.
Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека и на новото работно место ќе има можност да работи во интерес на Македонија.
Во 2006-та година кога Ивановски станува дел од тимот на Груевски, само 9 проценти од Македонските граѓани користеа интернет, денес на интернет е повеќе од 70 проценти од населението.
Ивановски вели дека кога става црта на својот биланс важни се и многу други реализирани проекти.
Од владата се надеваат оти Ивановски и со новиот ангажман ќе продолжи да го промовира имиџот на Македонија. Велат дека премиерот Груевски е во процес на консултации за избор на нов министер кој ќе се зафати со реализација на комплексната и амбициозна владина програма.
Ивановски е прв министер за информатичко општество, ресор формиран во 2008-та на кој неколку години подоцна беше додаден и ресорот администрација.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
