На конкурс за дизајн на мебел избрано решението на Марија Цветковска од Ресен

На конкурсот за дизајн на мебел кој Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ го распиша во соработка со компанијата за производство на мебел „Пункт“, избрано е предлог-решението на Марија Цветковска од Ресен.
Како што информира „Паратисима Скопје“, на конкурсот учествувале 21 автор и биле предложени 32 идејни решенија за дизајн на мебел. Иборот го направил раководниот и стручен тим на Пункт мебел.
Почесни признанија од Пункт мебел добиле дизајнерските решенија на Александра Павловска и Калина Несторовска од Скопје, Ана Малјановска од Скопје, Вања Маринковиќ од Босна и Херцеговина, Кортан Идризоглу од Словачка и Кирче Стојоски од Охрид.
- Целта на конкурсот беше да се поттикне учеството на дизајнерите со сопствен предлог за дизајн на мебел кој потоа ќе биде изведен во прототип, изложен за време на отворањето на „Паратисима Скопје“ и пласиран во продажните салони и (меѓународни) саемски учества на Пункт мебел. Ова партнерство стреми кон јакнење на соработката помеѓу креативниот и приватниот сектор и развивање и пласирање на нови дизајнерски решенија произведени на македонскиот пазар, информира „Паратисима Скопје“.
Третиот Интернационален саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ ќе биде отворен на 10 јуни и ќе трае до 12 јуни во Младинскиот културен центар. Конкурсот за дизајн на мебел во соработка со Пункт е една од содржините од годинашниот саем.
Ново на Сител
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
