Литературна манифестација „Илинден 2016“

Општина Илинден во насока на промовирање на современите културни достигнувања ја организира 17. литературна манифестација „Илинден 2016“, која од денеска до 21 мај ќе се одржува во Домот на култура „Илинден“.
Свеченото отворање на манифестацијата е вечер, со почеток во 19 часот. Централниот настан, поетски митинг „Стихови за душата“ ќе се одржи на 20 мај, со почеток во 19 часот. Ќе настапат дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.
Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија. Ќе биде промовирана Антологија на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан, романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски, македонското издание на поетската книга „Сончев појас - осамени стихови“ на поетот од Бугарија Владимир Луков, а ќе има и повеќе промоции на книги од млади автори.
Ќе бидат одбележани и осумдесет години од раѓањето на современите македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов, кои оставија неизбришлива трага во македонската литература. Ќе се одржат повеќе литературни средби, а присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на доајенот на македонската ликовна уметност, академик Васко Ташковски.
И годинава ќе има традиционално Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќе писатели за деца и млади, а своја платформа за афирмација ќе имаат и младите неафирмирани поети.
За сите вечерни настани, општина Илинден организира превоз за посетителите. Секој ден од паркингот пред хотелот „Холидеј Ин“, во центарот на Скопје, во 18 часот ќе поаѓа автобус број „63“ кој ќе ги превезува посетителите на манифестацијата до општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши вечерниот настан. Настаните почнуваат во 19 часот. Влезот за сите културни настани е слободен.
Ново на Сител
-

Орбан: Идејата на ЕУ за заеднички заеми за финансирање на Украина ќе ги задолжи дури и нашите внуци
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
