-->
-->
Народни верувања за најголемиот христијански пророк - Еве што треба да направите денес!
-->

Светиот пророк Еремија е христијански светец и еден од најголемите пророци, роден шест векови пред Исус, Иако многумина не знаат за него во некои делови на земјата се уште се одржуваат обичаи и народни верувања.
Некој од куќата треба да стане порано да земе тава, да мава во неа и неколку пати да повтори: Еремија во полето, а сите змии во морето! Бегајте змии и гуштери, каде иде Еремија, сос краставо коњиште, сос рѓаво сабјиште, сос голо главиште.
Додека се слуша удирањето и песната, дотогаш змијата нема да ви се доближи.
Во повеќе краишта на Македонија на овој ден се прават црепни. Нив ги прават само жените, кои за таа цел копаат специјална земја, потоа ја сеат за да ги отстранат камчињата, ја газат додавајќи некои примеси за црепните да се поцврсти и да не се кршат.
Ако земјата се донесува претходниот ден ноќта се чува да не се случи некој да фрли сол од што црепните пукаат. Поради култот кон лебот, а и поради тоа што во црепните се месат разни обредни лебови кои се носат и во црквата како кравајчиња и сл. жените што прават црепни се облекуваат во чиста облека.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги