Работилница „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“
По повод Европската недела за независно живеење на лицата со хендикеп денеска ќе се одржи работилница на тема „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“.
Работилницата е во организација на Полио Плус – движење против хендикеп, поддржан од програмата Цивик Мобилитас и Балканската независна мрежа на организации на лица со хендикеп (БИДФ), во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамки на проект поддржан од Фондацијата отворено општество Будимпешта.
Целта на оваа работилница е да го претстави концептот на недискриминација кон лицата со хендикеп, на лицата со хендикеп. Препознавањето на дискриминацијата врз основа на хендикеп од самите лица со хендикеп е многу важен чекор кон понатамошното остварување на првата на овие лица. Дискриминацијата врз основа на хендикеп, како една од клучните заштитни карактеристики со Законот за спречување и заштита од дискриминација, во своите најчести појавни форми опфаќа:непристапни и недостапни грдби, околина и јавни површини за непречено движење на лицата со хендикеп, сегрегирано образование во „специјални“ училишта за овие лица, сегрегирано вработување во „заштитни“ фирми, како и значителна системска и законска дискриминација во повеќе сфери на живеењето.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава