СЕ загрижен за односот кон бегалците на границата меѓу Грција и Македонија

Специјалниот претставник за мигранти на генералниот секретар на Советот на Европа Томаш Бочек во извештајот изработен по посетите на Грција и Македонија од март изразува загриженост за, како што се наведува лошиот третман на мигрантите на границата со Грција и предлага подобра обука на припадниците на силите на редот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во извештајот тој дава серија препораки со кои Советот на Европа треба да им помогне на македонските власти да ги обучат припадниците на силите на редот, со цел да се гарантира „дека границата на Македонија со Грција е контролирана во согласност со обврските на земјата во областа на човековите права“.
Во него се додава дека последниве месеци биле одбележани со зголемени тензии на границата меѓу Македонија и Грција во контекст на приливот на мигранти кои сакаат да пристигнат во западна Европа преку Балканскиот пат, но по затворањето на границата од страна на земјите членки на Европската Унија, тие останале блокирани на границата.
- Повеќе стотици мигранти беа повредени во обидите да ја преминат насилно грамицата, но исто така и припадници на силите на редот. Македонската полиција користеше солзавец и шок бомби за да ги одбие обидите на мигрантите насилно да ја преминат границата. Според невладината организација Лекари без граници, македонската полиција користела и гумени куршуми, обвинување кое беше дематирано од македонските власти, се вели во него.
Во извештајот, специјалниот претставник за мигрантите Томаш Бочек, исто така, повикува да се изнајдат средства за на мигрантите да им бидат понудени достојни услови за прифаќање.
Така тој е посебно загрижен за задржувањето на децата мигранти во Грција, повикувајќи да се изнајдат решенија за замена на оваа мерка и бара да биде гарантирано образованието за децата кои се наоѓаат во камповите за мигранти.
Бочек, исто така изразува стравување дека договорот склучен со Турција може да ги доведе децата да поминат подолг период во центрите за задржување во близината на центрите за регистрирање на мигрантите.
При посетата на Македонија, Томаш Бочек ги посети прифатните кампови во Гевгелија и Табановце, при што тој во Гевглеија беше скоро празен при постетата, а кампот во Табановце пренаселен.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
