Полицијата изврши претрес во станот на напаѓачот од железничката станица во близина на Минхен

Германската полиција изврши претрес во станот на мажот, кој е осомничен дека извршил напад со нож на железничката станица Графинг во близина на Минхен.
Претресот е извршен во стан во гратчето Грунберг во провинцијата Хесен, каде престојувал 27-годишниот маж.
Не е соопштено дали при претресот се пронајдени сомнителни материјали.
Напаѓачот е германски државјанин, роден во соседниот град Гисен. Тој изутрината околу пет часот извршил напад со нож со должина од десет сантиметри врз четворица мажи на железничката станица во Графинг. Еден од мажите (56) починал од раните во болница, а останатите мажи се на возраст од 3, 55 и 58 години.
Министерот за внатрешни работи на провинцијата Баварија, Јоахим Херман изјави дека напаѓачот имал проблеми со дрогата и оти страда од психичко растројство.
Ново на Сител
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
