-->
-->
ОН:Следниот круг претставување кандидати за генерален секретар - на 7 јуни
-->
Претседателот на ГС на ОН Могенс Ликетофт најави денеска дека ќе закаже следен круг претставување кандидати за генерален секретар на ОН на 7 јуни.
Ликетофт додаде дека очекува наскоро да бидат именувани барем уште двајца нови кандидати и ги повика сите други заинтересирани да истакнат имиња пред состанокот со 193 членки на ГС идниот месец.
Минатиот месец беа претставени девет кандидати за наследник на Бан Ки-мун кои одговараа на прашања од државните членки.
Тој одби да наведе кои нови кандидати ги очекува, но дипломати како можни ги споменуваат словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, шефот на аргентинската дипломатија Сузана Малкора и Алисија Барсена од Мексико која е шеф на Економска комисија на ОН за Јужна Америка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба