Дваесет години од хрватската воена операција „Бура“
Хрватска денеска одбележува две децении од воено полициската операција „Бура“ со воена парада во Загреб, а утре со повеќе манифестации во Книн.
По првпат во историјата на Хрватска 4 август, прогласен за Ден на победата и благодарноста и Ден на хрватските бранители, организира парада за годишнината од „Бура“, а Србија првпат го прогласува овој ден за Ден на жалост, при што ќе одржи помен за жртвите, пренесува БТА.
Операцијата Бура предводена од хрватската армија за протерување на Србите од Хрватска почна на 4 август 1995 година, под водство на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, кога армијата изврши напад во Книн врз Војската на Српска Краина која тогаш се нарекуваше и Република. Со операцијата Хрватска ја врати контролата над заземените територии во централна и источна Хрватска, а четиридневната операција доведе до протерување на над 200.000 Срби од Хрватска.
Се очекува на денешната парада во Загреб да учествуваат 3.000 лица. Околу 2.200 војници, кон кои ќе се присоединат претставници на полицијата, Службата за заштита и спасување и пожарникари со своите колеги, како и ветерани, кои ќе поминат преку престолнината до концертната сала „Лисински“, каде ќе бидат поздравени од државното раководство и други официјални претставници. Во колоната со должина од пет километри ќе има над 300 возила, тенкови, воени орудија.
Парадата ја чини Хрватска меѓу 1,3 и 1,9 милиони евра.
Централното чествување ќе биде утре, на самиот ден на операцијата - 5 август во Книн, кој и досега беше место на одбележување на Денот на победата и на благодарноста.
Србија централната државна манифестација за одбележување на Денот на сеќавањето на страдањето и прогонот ќе ја почне вечерва на мостот кај Сремска Рача, каде премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик,симболично ќе спуштат венци во реката.
Во акцијата која почна на 4 август околу 130.000 припадници на оружените сили на Хрватска, со поддршка на НАТО, како и единицата на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) и Армијата на БиХ, го освоија главниот град на т.н. Република Српска Краина на 5 август 1995.
До акцијата „Бура“ дојде наспроти фактот дека областа се наоѓала под заштита на ОН и оти претставници на поранешната РСК во Женева и Белград го прифатиле предлогот на меѓународната заедница за мирно разрешување, т.н. План Z-4.
Според Високиот комесаријат за бегалци, и по 20 години од операцијата „Бура“ во која, според српски податоци, протерани се над 200.000 Срби, над 2.500 биле убиени а повеќе од 2.000 се водат како исчезнати, Хрватска се уште не им го вратила станарското право на Србите, не обновила повеќе од 18.000 српски куќи и не им го вратила земјиштето.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка