Затворен сточниот пазар во Битола

Превентивно е затворен сточниот пазар во Битола со кој стопанисува локалното јавно претпријатие „Пазари“.
Според ЈП „Пазари“, оваа одлука на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е очекувана и оправдана зашто е во насока на поголема безбедност и заштита од појавата на болеста на говедата „јазлеста кожа“.
- Решението од АХВ за превентивно затворање на сточниот пазар во Битола го извршуваме во целост. Ваквата одлука за нас беше очекувана и на овој начин и ние придонесуваме во спречувањето и евентуалната појава на болеста кај говедата. Сточниот пазар во Битола е отворен само еден ден во седмицата, односно само во вторник и овој вторник не работи, а така ќе биде се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не донесе друга одлука или решение, истакна директорот на ЈП „Пазари“ - Битола Сашо Стаматов.
Сточниот пазар во Битола се наоѓа во индустрискиот дел на градот, а со него од 1952 година стопанисува ЈП „Пазари“ коe минатата година изврши дополнително уредување, заградување и поставување посебен влез и излез во објекот.
- Сточниот пазар е важен сегмент од работењето на нашето претпријатие. Минатата година учествуваше со 5,2 oтсто од вкупните приходи на претпријатието. Услугите на овој пазар ги користат голем број фармери од Пелагонија и пошироко, но во овој момент се времено запрени, посочи Стаматов.
Ново на Сител
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
