ЕК ја негира штетноста на трговската спогодба со САД
Европската комисија ги отфрли вчера тврдењата на меѓународното здружение на еколошки активисти Гринпис дека спогодбата меѓу Европската унија и САД за Трансатлантско инвестициско партнерство (ТТИП) ќе ги намали европските стандарди за заштита на потрошувачите.
Еколошката група тврди дека дошла до 248 страници од тајните документи од трговските преговори меѓу САД и ЕУ за ТТИП.
Според Гринпис САД сакаат да ги ослабнат европските ограничувања во врска со генетски модифицираната храна и хормонски третираното месо и оти Американците сакаат Европејците да се откажат од „начелото на внимателност“, кое ги обврзува законодавците да бидат внимателни на сите случаи кога постојат научни сомневања околу соодветноста на некој производ за човечкото здравје.
Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром ги отфрли овие обвиненија, нагласувајќи дека документите кои истекле се одраз на преговарачките ставови на ЕУ и САД, а не конечен договор, како и дека не е чудно што двете страни имаат различни мислења.
ЕУ и САД преговараат за ТТИП, кој има за цел создавање најголема зона на слободна трговија на светот со 800 милиони жители. Голем број противници стравуваат дека таа спогодба ќе доведе до намалување на стандардите и ќе им биде од корист на големите корпорации, а на штета на потрошувачите и националните влади.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење