Силен пожар избувна во српска православна црква во Њујорк
Силен пожар избувна во српската православна црква „Свети Сава“ во центарот на Менхетен синоќа и за неколку минути стигна до покривот.
Сто и седумдесет пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој ја уништи историската зграда на 25. западна авенија во близина на Бродвеј.
Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.
- Сите сме живи, но зградата повеќе ја нема. Оваа црква ја спојуваше целата заедница, бидејќи е единствена во Њујорк, а сега ја нема. Ова е ужасно, кошмар, моето срце е скршено, изјави свештеникот Џокан Мајсторовиќ.
Пожарот изби вчера околу седум часот вечерта по локално време, неколку часа по воскресната литургија, а локализиран е дури четири часа подоцна.
Во текот на денот повеќе од 700 верници од православна вероисповест го одбележале Велигден во оваа црква, но според последните извештаи зградата била празна, кога во неа избувнал пожарот.
Њујоршките пожарникари биле на теренот до доцна во ноќта, по што е прогласена тревога од прв степен. Како што е соопштено, зградата може да се урне во секој момент.
Преубавата градба во готски стил е изградена во 1850 година, а српската црква ја купила за време на Втората светска војна во 1943 година.
Црквата „Свети Сава“ се наоѓа во близина на Бродвеј и Авенијата Америка, а во 1968 година е прогласена и за една од знаменитостите на Њујорк.
Ново на Сител
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
-
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел
-
Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога