Највисоки пет ѕвездички за најновиот компакт диск на пијанистот Симон Трпчески

Британски дневен весник Гардијан со максимални пет ѕвездички го оцени најновиот компакт диск на нашиот пијанист Симон Трпчески, својата препорака илустрирајќи ја со епитетот „диск со арома“.
Како што напишал критичарот Стефен Причард, „чудесно талентираниот македонски пијанист Симон Трпчески отвора смело со Брамс... пред блескаво да чита... на тема од Хендел... за потоа да го понуди сосема различниот звучен свет на Равел... со вртоглав гламур, пред со селекцијата од Пуленк... да го донесе овој мајсторски рецитал до елегантно финале. Диск со арома. Го препорачувам“. Рецензентот на „Гардијан“ ја истакнува и предноста на компакт-дисковите во живо реализирани за етикетата на „Вигмор Хол“ пред сличните рецитални изданија.
На својот најнов компакт диск, Трпчески пред пошироката јавност ја претставува својата изведба во живо на подиумот во лондонската сала „Вигмор“ од 19 јули 2014 година. (http://www.theguardian.com/
Македонскиот пијанист во петок настапува во Хелсинки, а по Финска, до крајот на месецов го очекуваат и концертите низ Шпанија, како солист на турнејата со Филхармонискиот оркестар на Хелсинки, и во шведската престолнина со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм.
Ново на Сител
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
