Маж пронајден жив под урнатините дури по 13 дена од земјотресот во Еквадор
Спасувачките служби во Еквадор пронајдоа преживеан 72-годишен маж под урнатините, речиси две недели по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди јужноамериканската земја, соопштија локалните власти.
Екипа спасувачи од Венецуела, која е испратена во помош на еквадорските колеги, го пронашла преживеаниот Мануел Васкес, кој бил заробен под урнатините од земјотресот, во кој пред 13 дена загинаа 660 луѓе, соопшти амбасадата на Венецуела во Кито.
Старецот бил спасен откако спасувачите „слушнале звуци во делумно разурнатата зграда“.
Васкес бил примен во болница во дезориентирана и дехидрирана состојба, а лекарите утврдиле дека има проблеми со бубрезите и оти загубил неколку прсти на нозете при потресот со интензитет од 7,8 степени.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа најави воведување на повеќе драстичми економски мерки, кои имаат за цел да се покрие штетата од земјотресот, која се проценува на три милијарди долари.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин