Протести и контрапротести вечерва и во Охрид

Граѓаните на Охрид вечерва повторно протестираат. Протестите се одвиваа на две локации, со веќе познати барања зависно од видувањата за политичките случувања во земјата.
На плоштадот кај Стариот чинар вечерва по четврт пат се собраа активистите и симпатизерите на Граѓанското движење „Протестирам“, додека следбениците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во исто време организирано по вторпат во Охрид протестот го започнаа на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

И на двата собири беа повторени барањата истакнати и на претходните протести, едните за оставка на претседателот, поддршка на СЈО - другите за завршување на кризата со избори на 5 јуни.
Иако двата протестни собири во Охрид минаа мирно и без инциденти, освен неколкуте јајца што активисти на „Протестирам“ ги фрлија на зградата на Општина Охрид, сепак пред самиот крај беше тензично бидејќи во еден миг двата табори беа на релативно мало растојание. Припадници на двете групи меѓусебно си разменуваа погрдни зборови, но до блиски средби не дојде благодарение на силното полициско обезбедување.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
