Ѕверски е мачен до смрт- млад Србин убиен поради љубов

Мирко Фреј (32) од Шабац кој беше убиен во понеделникот, бил врзан и ѕверски мачен и претепан со дрвена палка, а неговото тело било пронајдено во оставата, дознава српски Курир.
Во истиот стан пронајден бил и тешко повреден Жељко Митровиќ (47), поранешниот сопруг на девојката на Мирко, кој е првоосомничен за убиството. Се претпоставува дека тој после злосторството самиот си го зарил ножот во градите.
Итна помош повикала жена
– Не знаеме дали Фреј починал од тепањето или од гушење бидејќи главата му била замотана со салојтеп. Во овој момент не е јасно ни кој го повредил Жељко во градите. Се претпоставува дека самиот се повредил, но повеќе детали ќе се знаат кога ќе се опорави од операцијата, вели извор за српски Курир.
Делот околу зградата каде се случило убиството е под видео надзор. Како што дознава српски Курир, камерите го забележале Мирко Фреј во понеделникот околу 7 часот наутро како го паркира моторот кај влезната врата и влегува внатре. Соседите велат дека тој ден од станот слушнале чудни звуци и молење на помош, но никој не повикал полција.
Екипата на српски Курир отишла во станот на Фреј и таму бил таткото на Мирко, а неговата сопруга била отсутна бидејќи се подготвувала за погребот.
– Го уби љубовта. Тој Жељко три години ни правеше проблеми. Го тепаше мојот Мирко каде и да го види, го бараше по кафантите да го тепа, мене гумите ми ги дупна од автомобилот. А Мирко едвај имаше 50 килограми, додека Жељко е огромен човек. Се е тоа поради Андријана. Не можеше да живее без неа, раскажал таткото на Мирко.
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
