Во Велес исчистени дивите депонии

Општина Велес и ЈКП „Дервен” согласно Програмата за управување на отпад за 2016 година за чистење на дивите депонии, спроведоа активности за чистење на дивите депонии на брегот на река Вардар спроти ул. „Коле Цветков“, на брегот на реката Тополка во непосредна близина на „ОХОХО“, на брегот на Битолска пруга во градското подрачје и на патот за населба Дурутовец.
Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед, портпарол на Општина Велес, во рамки на оваа акција со чистење на овие депонии се собрани 252 метри кубни отпад, кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија и депонијата за земја, шут и друг отпаден градежен материјал.
- Општина Велес апелира до сите граѓани, соодветно да постапуваат со отпадот кој го создаваат со цел да се спречи загадувањето и да се подобри квалитетот на живеење, потенцира Мехмед.
Воедно информира дека услугата за собирање комунален отпад во населеното место село Црквино за прв пат се воведе на почеток на јануари годинава.
- По воведување на услугата, ЈКП „Дервен“ се зафати со чистење на дивите депонии со отпад кои се наоѓаа на левата страна на пристапниот пат кон село Црквино во непосредна близина на природен извор на вода и на стариот пат село Црквино - село Бабуна. Оваа депонија која многу години се користеше од страна на жителите се наоѓаше на сртот на висорамнина, со опасност за свлекување на комуналниот отпад при поголеми атмосферски влијанија до река Бабуна, информира Мехмед.
Ново на Сител
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
