Наградени најуспешните училишни тимови на натпреварот за најдобра бизнис идеја

Тимовите на скопските средни училишта „Боро Петрушевски“ и на „Владо Тасевски“ го делат првото место од вкупно 17 тимови кои учествуваа на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја што се одржа на ниво на Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги врачи наградите на училишните тимови-победници на натпреварот.
- Сметам дека е особено важно да ги поддржиме младите во создавање на иновативни деловни модели со кои ќе се посветат на општествените проблеми во своите заедници преку поврзување на економски и социјални цели. Затоа наша одговорност е на учениците да им понудиме практични искуства преку кои ќе стекнат конкретни вештини за изработување на деловен план, а ќе се подобрат и нивните претприемачки способности. Искрено се надевам дека со овој проект придонесовме да се зголеми свесноста кај младите за нивниот општествен контекст и да се изгради сензитивност и вештини со кои соодветно ќе се посветат на потребите на заедницата, рече градоначалникот на Град Скопје.
Проектот за промоција на концептот за социјално претприемништво кај средношколската младина се реализира изминатиот месец од Град Скопје во соработка со проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, а на иницијатива на Локалниот економско социјален совет.
Натпреварот се одржа на 25. март, во СУГС„Боро Петрушевски,“ и на него беа презентирани идеите на 17 тимови од средните училишта на Град Скопје. Петчлено жири, составено од претставници од Секторот за образование и од ЛЕСС на Град Скопје, Проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, како и претставници од бизнис секторот, односно социјални компании го оценуваа квалитетот на пристигнатите идеи, според однапред утврдени критериуми.
Првото место на натпреварот го делеа училишниот тим на СУГС„Боро Петрушевски“ и училишниот тим на СУГС„Владо Тасевски“. Второто место го делат училишниот тим на СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и училишниот тим на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, а третото место го делат училишниот тим на СУГС „Георги Димитров“ и училишниот тим на СУГС„Никола Карев“.
Покрај сертификатите и плакетите, сите членови на победничките училишни тимови (ученици и ментори), добија и парична награда.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
