По 65 години повторно Лазарски песни низ Вевчани

Вевчанските Лазарки, по 65 години, денеска по повод Лазарева сабота, повторно низ Вевчани ќе ги запеат Лазарските песни со желби за здравје, радост, бериќет, слога и љубов за сите, најавувајќи го доаѓањето на Христовото Воскресение – Велигден.
Лазарките, како што информмираат од КУД „Дримкол Вевчани, поделени во две тајфи, Горнамалски и Долнамалски, предводени од завељвачите и буљумбашите ќе го започнат обичајот во 08.30 часот од соборниот храм „Св. Никола“ - Горна Церков и низ средсело ќе тргнат за Горна маала и Долна маала, низ главните улици и во секоја малска улица ќе ја пеат песната - ...Пејте Лазарки по куќите, по куќите Вевчански полни, рамни, овде јунак Лазаре за женен, овде мома Лазаре за можен, овде дете Лазаре за керштен...
- Да се обнови една народна традиција која последно е забележана 1951 година и не е така лесна работа, не посебно денеска во време – невреме, но, наше е да се обидеме само колку да останеме верни чувари на Вевчанската култура и традиција и секогаш давајќи скромен придонес за колективното добро во населбата, велат организаторите.
Потенцираат дека КУД „Дримкол“ - Вевчани во своето досегашно постоење, реализирајќи големи и сериозни проекти од областа на народната култура, се докажа како сериозен субјект во Република Македонија во областа на зачувување на народната култура и традиција и нејзина промоција и презентација низ светот.
Ново на Сител
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
-

Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26
-

СЗО: Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13, ситуацијата и натаму стабилна
-

Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување
-

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определен притвор од 30 дена
-

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава
-

Сиљановска - Давкова ќе ги прими учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
-

Најстудено утро во Берово со измерени девет степени
